Лазаревиќ: Груевски никогаш не сакаше да се продаде ОХИС, не го интересираше што ќе се случи со вработените

од desk3
99 прегледи

Никола никогаш не сакаше да го продаде Охис, и не го интересираше што ќе се случи со вработените. Него само го интересираше, а тоа веројатно и денес го интересира, како да спречи да му се појави НАРОД пред Владата. Но мислам, дека оваа година НАРОДОТ нема да си отиде од пред Владата, Никола. И тоа нема да бидат само вработените во ОХИС, ќе ти дојдат СИТЕ пред Владата Никола, ќе ти дојдат СИТЕ!-пишува во својата колумна за Фокус, Владимир Лазаревиќ

0D86F546141FD64C8875B537D9C5C2B8

Понатаму тој ја опишува сдницата на Владата на која се подготвувала продажбата на ОХИС, текот на седницата и неговиот предлог до Груевски:

Како и во најголемиот број ситуации членовите на Владата си молчат, и се спремни да се согласат. Таман да ја затвори точката на дневен ред, јас дигам рака и барам збор. Никола ме погледнува видно вчудоневиден и изненаден, и со една доза на неодмерена ароганција ми вели:

“Да, заменик министер за здравство, што имате Вие да кажете за продажбата на ОХИС?”

Јас го гледам, па го погледнувам огласот кој го држав во рака и му велам:

“Почитуван претседателе, го читам огласот што Владата го има подготвено за продажба на Охис, и си мислам, дали овој оглас е за да го продадеме Охис, или е оглас за да не го продадеме Охис? Зошто ако мене ме прашате, овој оглас е напишан за да не се продаде Охис.”

Тој ме погледнува, и ми вика:

“Добро заменик министер за здравство, а што Вие би направиле и каков оглас вие би подговиле.”

Јас му објаснувам:

„Претседателе, за било кој странски инвеститор да биде заинтересиран за купување на волку голема фирма со повеќе од 1.000 вработени, ние како Влада мораме да направиме поволни услови. Мораме да го намалиме бројот на вработени, и за нив да подготвиме специјална социјална програма преку која ќе им се овозможат мерки за предвремено пензионирање, обештетување и слично. Ние не можеме да го обврземе ниту странскиот, ниту било кој друг инвеститор да мора да ги задржи вработените во период од 5 години, зошто можеби нема да му бидат потребни. Затоа јас мислам дека ние треба да го превземеме на себе ризикот и одговорноста за поголем дел од вработените, и да му оставиме простор на инвеститорот да има флексибилност. Од тие причини мислам дека овој оглас е напишан за да не се продаде Охис“.

Никола, како што ме ислуша, ми се врти и ми се обраќа со знак прашалник.

“Ние да сме го намалеле бројот на вработените?

Јас му одговарам:

„Па да, нормално дека ние треба да го превземеме тој ризик на нас“.

Тој ме погледнува:

„И после сите на мене да ми дојдат пред Влада и да ми штрајкуваат? Тоа кога ТИ ќе бидеш премиер, така да направиш, јас вака ќе правам“!

Повеќе ТУКА