Лазаревиќ ја повикува израелската Влада да се изјасни за вчерашните бомби

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Поранешниот заменик министер за здравство, Владимир Лазаревиќ, испрати писмо до дипломатскo  претставништвo на Израел , со кое бара Владата на Израел да се изјасни по однос на вчерашните коруптивни скандали кои ги обелодени опозиционата СДСМ, а во кои наводно се вмешани директорот на УБК, Сашо Мијалков, членови на израелската Влада и израелска компанија.

vladimir-lazarevik

„Бидејќи имам длабоки и долготрајни односи со Израел, се надевам ќе биде разбрана приказната зад оваа информација. Бидејќи во последните прислушувани разговори кои ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, и кои, според него, откриваат корупција во највисоките редови на Владата, а со оглед на тоа што постојат индиции дека е вмешана и компанија од Израел, би сакал да го побарам од Вас официјалниот став на Владата на Израел по однос на ова прашање“, стои ви писмото на Лазаревиќ.

Лазаревиќ се школувал во Израел и вели дека има пријатели на високи позиции. Тој вели дека со ова писмо ја презема улогата на надлежните институции во Македонија кои очигледно немаат намера да исконтактираат со Израел. Според него тамошните власти нема да ги игнорират тврдењата и очекува наскоро да биде покрената истрага.

Писмото на Лазаревиќ до амбасадорите е веќе објавено во дел од бугарските портали.