Лазаревски: Бегалците се секогаш цел на ксенофобични напади и ситни монети за политички препукувања

од Vladimir Zorba
295 прегледи

Солидарност е збор кој многу често го користиме и вредност на која уште почесто се повикуваме. А, сега е момент и практично, реално да покажеме како се практикува солидарноста, како се подава рака и кога некој кој не ни е близок (географски) има мака, вели советникот во Град Скопје и активист, Васко Лазаревски по повод прифаќањето на околу 450 Авганистанци во нашата земја.

„Бегалците се секогаш цел на ксенофобични напади и ситни монети за политички препукувања и во земјите од каде бегаат и во земјите каде што ќе најдат (привремено) засолниште. Преку нив се мобилизираат сите десничарски, авторитарни и националистички сили кои ќе трубат како „нечистите“ странци ќе донесат кај нас само беда, болести, криминал и тероризам.

Нивната мака станува платформа за промоција на локални политички агенди кои опортунистички поентираат на неа. Целосно нечовечки и без грам емпатија кон човечките битија во опасност“, вели тој.

Слични содржини