278
Новоназначениот в.д. директор на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски во телефонска изјава за Фронтлајн изјави дека поднел барање за оставка од Управниот одбор на истата институција и дека се чека конечната одлука на Владата. Според Лазаревски, одлуката ќе биде соопштена многу скоро, веројатно на следната владина седница, најверојатно во понеделник. Во секој случај, неговата оставка не е спорна, прашање е на нејзиното службено процесирање.
„Јас поднесов оставка од фукнцијата член на Управен одбор во Агенцијата за филм на 10.12.2020. Сè уште немам право на потпис и ја чекам финалната одлука по моето барање. Значи, јас дадов оставка од ОУ и уште не сум потписник како в.д. директор во Агенцијата за филм“, изјави Лазаревски.