Лазаревски: Со отстранувањето на галиите се решаваат проблемите без да се оштети касата на градот

од Nikola Popovski
277 прегледи

Освен што е очајно глупаво , среде град, меѓу два моста да има брод со темели во коритото, во исто време е и крајно опасно ако надојде Вардар, а уште поопасно ако се случи „сто годишна поплава“ т.е. во исто време да надојдат Варда и Лепенец (Треска не ја спомнувам зато што е регулирана со браните). Кога се вршеше презентација на истражувањето на УНДП за опасноста од поплави во Скопје, беше кажано дека овие зафати во малото корито на Вардар го враќаат  нивото на заштита на градот (и тоа строгиот центар на градот) од поплави на времето пред регулирањето на коритото на Вардар.

За наша несреќа, едно од наследствата кои ни ги остави Коце и вмро е тоа што сите галии (освен оваа што почна да отпловува денес) имаат важечки договори во кои има се гарантира време на постоење. Со други зборови, ако ги тргнеме, граѓаните на Скопје преку даноците кои ги плаќаат ќе треба да им исплатат отштета.

Сепак, тактиката чекор по чекор, ги решава овие проблеми, еден по еден, без да се оштети касата на Град Скопје.

Фб статус на Васко Лазаревски

Слични содржини