Доктор Ненад Лазаров, кој е дел од Асоцијација на специјализанти и млади лекари – АСМЛ, обвинува дека испратеното мислење за употреба на лекот Ивермектин од страна на Лекарската Комора на Македонија е плагија.
-Лекарска Комора на мејл кај лекарите низ Македонија дисперзира текст насловен:”МИСЛЕЊЕ ЗА УПОТРЕБА НА ИВЕРМЕКТИН КАЈ ПАЦИЕНТИ СО COVID-19.Од стручниот колегиум за ЈЗУ Униоверзитетска клиника за пулмологија и алергологија и COVID-19 центрите при интернистичкиот блок “.Текстот е плагијат, автор на оригиналниот текст е Марјан Божиновски (кој нема никаква врска со наведениот колегиум) и истиот е објавен во списанието Емитер во Август годинава, пишува др. Лазаров на својот Фејсбук.
МИСЛЕЊЕ ЗА УПОТРЕБА НА ИВЕРМЕКТИН КАЈ ПАЦИЕНТИ СО COVID-19
Стручниот колегиум за ЈЗУ УК за пулмологија и алергологија – Скопје и COVID-19 центрите при интернистичкиот блокPosted by Nenad Lazarov on Tuesday, 12 January 2021
Стручниот колегиум за ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и ковид-центрите во интернистичкиот блок, изготвиле мислење за употребата на лекот „ивермектин“ кај пациенти заразени со коронавирус.
Преку Лекарската комора, во текот на вчерашниот ден, протоколот бил испратен до матичните лекари, информираа од Министерството за здравство. .
До крајот на неделата Лекарската комора ќе организира и онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат пртоколите, а веќе следната недела ЛК ќе организира онлајн дискусија со клиничките доктори за употребата на лекот.
Ивермектинот не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на ФЗО. Согласно Решението на МАЛМЕД истиот лек се издава исклучиво на рецепт и се применуваат одредбите за издавање на розев рецепт.
Министерството за здравство потенцира дека „ивермектинот“ е антипаразитски лек со широк спектар на делување. Неговата примена треба да биде исклучиво под лекарски надзор без разлика дали станува збор за домашно лекување или хоспитализација.