ЛАЖЕН КЛИЧКО МАМИ ЕВРОПСКИ ПОЛИТИЧАРИ Градоначалниците на Берлин, Виена и Мадрид жртви на измама

од Vladimir Zorba

По градоначалникот на Берлин Франциско Гифеј и градоначалникот на Виена Михаел Лудвиг бил измамен од лажниот Виталиј Кличко.

Лудвиг призна дека имал видео разговор со лажниот градоначалник на Киев.

Градоначалниците на Берлин и Виена очигледно биле измамени од хакер кој користел вистински фото материјал на Кличко и направил компјутерска анимација.

Лудвиг му рекол на јавниот сервис ОРФ дека на крајот од разговорот имало нешто сомнително во него.

Тој, за разлика од колегата од Берлин, не го прекинал разговорот по сомнителни изјави.

Поради лажните видео разговори, вистинскиот Кличко со порака ги предупредил колегите да внимаваат и да зборуваат само преку официјални канали, дека зборува само на германски или англиски и дека не му треба преведувач.

Разговорот на Лудвиг со лажниот Кличко предизвика потсмев кај шефот на Партијата на слободата (ФПО) во Виена, Доминик Неп.

„Сега и Лудвиг ја има својата Ибица“, рече тој и побара објавување на целиот разговор, бидејќи, како што вели, постои сомнеж дека градоначалникот изнел доверливи информации и стратешки интереси на официјална Виена.

Директорот на Управата за државна безбедност и разузнавање, Омар Хаиџави-Пирхер, истакна дека изминативе недели активно се укажува на опасноста од „дип фејкови“.

„Оваа појава не е ништо ново и на крајот на мај го претставивме Националниот акциски план кој предвидува мерки против овој вид криминал“, рече тој.

Тој рече дека пред разговорите политичарите треба да стапат во контакт со државната безбедност која ќе ја изврши потребната проверка.

Интересно е што истиот проблем го имале и кабинетот на градоначалникот на Мадрид и што случајот бил пријавен во полиција.

Слични содржини