ЛАЖЕН СЕНАТОР ГО ИЗМАМИЛ БИ-БИ-СИ: „Истражуваме како настанала грешката“

од Stefanija Kuzmanovska
358 прегледи

Британскиот јавен сервис Би-Би-Си се извини откако во петокот емитуваше интервју со човек кој лажно се претстави како Кори Букер, американски сенатор од редовите на демократите.

Би-Би-Си на својата веб-страница објави дека интервјуто со лажниот сенатор Букер е емитувано во петокот, 26 февруари, и дека повеќе не се емитува.

– Во нашата радио програма Newshour во петокот, еден човек кој тврдеше дека е сенаторот Кори Букер беше интервјуиран во, како што се чини, намерна измама – објави Би-Би-Си во објава што тој ја нарече исправка и извинување.

Британскиот јавен сервис додава дека тој му се извинил на сенаторот Букер.

– Истражуваме како настанала грешката, за да се осигураме дека нема да се повтори – стои во соопштението.

Според американскиот портал „Хил“, Би-Би-Си одби да коментира како се случил инцидентот или кога било договорено интервју со лажниот политичар.

Ова не е прв пат измамници да успеат да се појават во информативни емисии, наведува Хил.

Слични содржини