382
Лажна била дојавата за бомба, поради која денеска неколку часа беше затворен трговскиот центар „Скопје сити мол“.
Од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека дојавата била лажна, но оти се уште се трага по лицето кое пријавило дека има бомба во трговскиот центар.
Поладнево беше извршена евакуација во Трговскиот центар „Скопје сити мол“ во населбата Карпош, поради дојава за бомба.
Како што јави репортерот на МИА, полициски екипи со кучиња трагачи повеќе од три часа детално ги пребаруваа сите простории.
Претходно, од МВР за МИА изјавија дека до нив е пристигната информација за дојава за поставена бомба по што на терен беа испратени екипи од полицијата.