Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава од училиште во Кавадарци дека на електронската адреса на училиштето била испратена закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.
-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажна пријава, велат од полицијата.
Ова е втор пат како дојави за бомби пристигнуваат на адреса на училишта во Кавадарци. И за претходната беше утврдена дека е лажна.