Лажна е заканата за бомба во „Ист Гејт“

од Nikola Popovski
172 прегледи

Лажна е дојава за експлозивна направа во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, велат од таму.

-Ист Гејт Мол ги информира закупците и потрошувачите дека се завршени безбедностните проверки од страна на надлежните институции при што е утврдено дека доставената закана за поставена бомба е неверодостојна. Трговскиот центар продолжува со редовниот режим на работа согласно утврденото работно време, соопштија од ТЦ, заблагодарувајќи се до надлежните институции за брзата и навремена реакција.

Исто така денеска пријавено е дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатрон и ПС Центар. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини