Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека кон граѓаните се испраќаат СМС пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб страница „https: ujp-gov.mk/potvrda“.
Од таму бараат граѓаните да не ја отвараат оваа лажна веб страница, бидејќи од нив се бара да пополнат полиња со личните податоци, податоци од платежна картичка, и да прикачат слика од лична карта.
-Споделувањето на Вашите лични податоци преку оваа лажна веб страница може да предизвика нивна злоупотреба. Веб-страницата е лажна, не e во сопственост на Управата за јавни приходи. Испраќачот на пораките се обидува да ги злоупотреби името и логото на УЈП и да ги доведе во заблуда граѓаните, да споделуваат лични податоци и на тој начин да се изложат на ризик и можна злоупотреба. Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со оваа состојба, порачуваат од УЈП.
Прикажани се и слики како изгледа лажната веб страницата која не треба да се отвара: