Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје и во Прилеп

од Stefanija Kuzmanovska
141 прегледи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (15.02.2023) во 18.30 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и во Прилеп по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Слични содржини