Лажни вакцини: Повеќе од 800 луѓе биле „имунизирани“ со обична вода

од Nikola Popovski

Најмалку 800 лица се вакцинирани со лажни вакцини против Ковид-19, продадени во Уганда од група измамници. Властите на оваа земја објавија дека лажната вакцина содржи повеќе или помалку чиста вода. На жртвите на измама им било препорачано да се вакцинираат легално и бесплатно.

Што се однесува до групата измамници, тие биле уапсени на крајот на јуни, а според документите запленети при нивното апсење, било заклучено дека најмалку 812 лица примиле лажни вакцини против корона.

Лажната криминална група дејствувала во главниот град на Уганда, Кампала, и се состоела од најмалку две медицински сестри и еден човек кои се претставувале како лекар. Медицинските сестри биле уапсени, но „докторот“ избегал и сè уште не е уапсен.

За време на апсењето, запленети се шишиња со лажна вакцина, многу слични на оние произведени од АстраЗенека на Индискиот серумски институт. Властите на Уганда испратиленеколку шишиња во Индија на инспекција, а за возврат добиле одговор дека тие шишиња не се произведени во Индија и дека споменатиот институт нема никаква врска со сомнителните вакцини што се дистрибуираат во Уганда.

Од избувнувањето на новата пандемија на коронавирус во Уганда, регистрирани се 90.000 случаи на инфекција и повеќе од 2.400 смртни случаи, бидејќи тестирањето за коронавирус е многу слабо во таа земја и се стравува дека реалната состојба е многу полоша.

Слични содржини