Лажни волонтери на Црвен крст ги ограбуваат исплашените охриѓани по земјотресите

од desk2
92 прегледи

Црвениот крст од Охрид ги предупреди сограѓаните да не наседнуваат на приказните од непознати лица што во име на Црвениот крст ги советуваат да ги напуштат домовите по серијата земјотреси што се случија во охридско.

„Поради забележена појава на лица во станбени делови во Охрид, кои лажно се претставуваат како вработени, односночленови на Црвен крст и им советуваат на станарите на некои згради да ги напуштат становите, укажуваме до населението во Охрид да останат разумни и присебни и да не подлегнуваат на најразлични манипулации и лаги“, соопшти Црвениот крст.

Тие случајот го пријавиле во полиција затоа што откриле дека овие измамници одат кај постари лица за да ги ослободат становите за да може полесно да се краде.

Црвен крст Охрид има свој претставник во Кризниот штаб на Општина Охрид и е во постојана комуникација и заедничко дејствување со надлежните институциии, стои во соопштението на Црвен крст Охрид.