Според договорот од Пржино, до утре Министерството за внатрешни работи треба да добие нов министер. Во јавноста веќе се вртат неколку имиња за тоа кој ќе седне во фотелјата на актуелниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, но засега од СДСМ не откриваат кои се кандидатите на нивната листа . Според неофицијални извори, „Фокус“ дознава дека едни од најзериозните кандидати за ова место се Лазо Велковски и Раде Јанковски, кој не се многу познати за пошироката јавност.
Велковски бил шеф на Градската управа за внатрешни работи Скопје-ГУВР, а Јанковски, кој потекнува од Струмица, сега е во пензија, а во 2006 годиина, со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, од шеф на гранична полиција бил поставен за инспектор во полициската станица Центар.
Повеќе ТУКА
