Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека Заедницата на српски општини е меѓународна обврска на Приштина која постои 10 години, а не нешто што беше „откриено“ неодамна и дека таквата унија нема давлијае на функционалноста на таканареченото Косово, објави „Репортери“.
„Да тргнеме од фактите. Формирањето на ЗСО е дел од бриселскиот договор што Косово и Србија го постигнаа и потпишаа во 2013 година. Договорот беше ратификуван во собранието, што значи дека тоа е меѓународна обврска на Косово. Значи, тоа не е нешто што беше откриено вчера или минатата година, тоа е нешто што постои речиси 10 години. Затоа треба да се спроведе“, рече Лајчак пред Атлантскиот совет.
Тој рече дека би сакал за ЗСО да се разговара повеќе во рамките на дијалогот, а помалку преку поединечни изјави.