ЛДП бара да се одблокира Собранието и да се избере легитимната влада

од desk2
113 прегледи

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврди дека е антидржавно, со тоа што сега една недела го блокира и конституирањето на Собранието на Македонија. Никола Груевски треба да сфати дека е опозиција и од тој факт бегање нема,“ се вели во соопштението на Либерално-демократката партија (ЛДП).

ldp3

ЛДП бара од Груевски „да престане да се крие зад бескрајните реплики и контрареплики и на мирен начин да ја предаде власта која граѓаните му ја одзедоа на 11-ти декември, минатата година.“

„ЛДП става до знаење дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најгрубо го кршат Уставот во неговите темелни вредности, како владеењето на правото и правната држава, политичкиот плурализам, прифаќање на резултатите од слободните, непосредните и демократски избори и почитувањето на волјата на мнозинството.Режимот е на самиот крај и неопходно е пратениците да разберат дека апсолутно никој, а најмалку тие како претставници на ВМРО-ДПМНЕ, нема да го сопрат падот на еден трул и временски надминат систем на владеење,“ се вели во соопштението.

Од ЛДП велат дека „пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не смеат да се ставаат во улога на бранители на криминалите на врхушката на партијата“.

„Тие треба да знаат дека со ваквите постапки стануваат соучесници во незаконското и нелигитимно задржување на власта. ЛДП бара веднаш да се одблокира работата на Собранието, со цел да се избере новата реформска и легитимна влада која ќе донесе подобар живот за сите граѓани на Македонија,“ се додава во соопштението.