ЛДП бара оставка од Арсовска по случувањата во Зоолошката градина

од Nikola Popovski
49 прегледи

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува загриженост за случувањата во скопската Зоолошка градина и бара одговорност во врска со последниот скандал на смртта на слоницата Даела.

Бидејќи не станува збор за прв случај, да потсетиме, велат од партијата, дека само пред некој месец угинаа жирафите, тигрицата, пингвин, кланицата со расните коњи а прашање на време е кое животно ќе биде следно со оглед на третманот и условите кои ги добиваат животните од страна на директорот и менаџментот на ЗООЛОШКА Градина под директно управување од градоначалничката Данела Арсовска и градот Скопје.

Оттука ЛДП бара итно расчистување на случајот и транспарентност од страна на надлежните органи во врска со овие инциденти се со цел да се гарантира безбедноста и благосостојбата на животните во Зоолошката градина, но и на посетителите кои го користат ова место за рекреација.

Партијата на Моника Зајкова бара оставка од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, поради, како што обвинуваат, нејзиното катастрофално менаџирање на градските институции и неспособност да се справи со проблемите на градот.

Според ЛДП, проблемите не се само во ЗОО Скопје.

-Скопјани сведочат на секојдневни проблеми со хигиената, парковите и нивното одржување, ЈСП се претвори во претпријатие без автобуси со зголемени долгови од месец во месец. Лошото управување на јавните претпријатија под нејзина надлежност се главни причини за ова барање, стои во партиското соопштение по случувањата во Зоолошката градина.

Слични содржини