ЛДП Битола: Ги повекуваме советниците на ВМРО-ДПМНЕ да побараат оставка од Талески

од desk2
55 прегледи

„Денес, СЈО најави дека следните денови за случајот Транспортер ќе биде поднесено обвинение. Тоа значи дека Талески ќе добие повисок чин и од осомничен ќе биде унапреден во обвинет.

Ова е уште еден доказ дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Талески се кријат зад некаква си платформа, со цел да не се соочат со лицето на правдата.

Ова е уште еден доказ дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Талески не се борат за Македонија, туку се борат за нивната слобода.

ЛДП уште еднаш ги повикува советниците од ВМРО-ДПМНЕ во советот на општина Битола, како и раководството на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, да го осудат штетното, за Битола и битолчани, работење на Талески да побараат тој да си поднесе оставка и да не застануваат во негова одбрана и во одбрана на сомнежите за криминал тежок 360 000 евра“ изјави Александар Касапов, претседател на ЛДП Битола.