ЛДП демантира дека имало физичка пресметка на Централниот одбор

од desk2
78 прегледи

„Либерално-демократската партија изрично ги отфрла ставовите изнесени на Вашиот портал, кои говорат за тензична атмосфера на Централниот одбор и физички пресметки на седницата на истиот.

Напротив, низ конструктивна и демократска дебата беа изнесени ставови, а партиските извештаи и правилата беа едногласно усвоени од членовите на Централниот одбор на ЛДП.

Оттука, ЛДП и членството остануваат зачудени за невистините кои се изнесуваат на Вашиот портал, кој секогаш бил и е ценет од ЛДП“ се вели во демантот на ЛДП.