Централниот одбор на Либерално-демократската партија донесе одлука, во Собранието, самостојно да продолжат да дејствуваат, пратениците, Моника Зајкова и Боби Мојсоски.
Како што посочуваат од ЛДП, оваа одлука е донесена уште во 2020. година, но поради објективни причини истата не можела да се реализира.
„Како партија донесовме одлука уште пред седум месеци за самостојно делување во македонскиот Парламент заради подобро претставување на либералните вредности и поголем простор на делување од страна на нашите пратеници. Тоа за нас претставува демократски потег и не е поврзано со дневно политички теми. Оставивме доволно простор за имплементација на оваа одлука. ЛДП како и нејзините пратеници и понатаму ќе продолжат да ја поддржуваат Владата, а тоа ќе се потврди и со гласањето на доверба на министрите Љупчо Николовски и Бојан Маричиќ“, стои во соопштението од Либерално-демократската партија.
Истовремено, од партијата додаваат дека во следниот период одлуката ќе се реализира и ќе делуваат како и останатите либерали во парламентите низ Европа.