Пратениците на ЛДП и ДОМ беа на заедничка средба со пратеникот на опозициската партија, Антонијо Милошовски, откако ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе ги покани сите партии на заедничка презентација на предлог-резолуцијата „за македонските државни позиции во однос на евроинтеграциите и непринципиелните блокади од Бугарија”.
– На средбата беше презентиран текстот на резолуцијата, кој веќе е објавен во медиумите, а за нас како пратеници, ваквиот текст е прифатлив меѓутоа ќе доставиме одредени забелешки. Особено реагиравме на делот на употребата на уставното име. Се надеваме дека ќе најдеме заеднички јазик и дека оваа резолуција ќе биде прифатена од страна на сите политички партии затоа што е во интерес на државата и граѓаните да постои усогласување и обединување на парламентот особено кога станува збор за ваквите прашања, велат пратениците од ЛДП, Моника Зајкова и Боби Мојсоски и пратеничката од ДОМ, Маја Морачанин.