ЛДП и ДОМ со законски измени ќе бараат регулирање на „копањето“ криптовалути

од Берта Китинска
315 прегледи

Пратениците од ЛДП и ДОМ ќе предложат законски измени за регулирање на производството на криптовалути.

– Во време на енергетска криза недозволиво е да се троши струја за производство на криптовалути за лично богатење на поединци, велат од партиите.

Според нив бидејќи криптовалутите се прогласени за неприфатливи за животната средина и затоа дополнително ќе бараат и законска регулација бидејќи употребата на струја од фосилни горива, како што е случајот во моментот, ја загадува животната средина.

– Ќе ја консултираме стручната фела и најдоцна за една недела ќе побараме регулација и ќе доставиме законски измени, дополнуваат од ЛДП и ДОМ.

Слични содржини