ЛДП и ГРОМ ќе „трчаат“ со Трајановски за градоначалник на Скопје

Трајановски: Особено ми е чест што како носител на нашата листа ќе биде господинот Ристо Пенов, човек кој веќе остави длабок белег на овој град

од Nikola Popovski
71 прегледи Фото: Фејсбук профил на Александар Трајановски

Александар Трајановски е кандидат на ГРОМ за градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов носител на коалиционата листа. Ова денеска на социјалните мрежи го објави кандидатот Трајановски кој моментално е советник во Советот на Град Скопје. Тој информира дека добил поддршка од коалицијата ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР.

-По 8 години активно работење во Советот на Град Скопје – со бројни иницијативи, предлози и проекти , со средби и размена на искуства со градоначалници од повеќе од 30 европски градови , како и со учество на обуки и семинари за развој и унапредување на локалната самоуправа – денес сум подготвен да понудам конкретни решенија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, градот и јавните претпријатија.

Особено ми е чест што како носител на нашата листа ќе биде господинот Ристо Пенов, човек кој веќе остави длабок белег на овој град . Заедно ќе понудиме конкретни и ефикасни решенија за подобар живот во главниот град, посочува кандидатот и додава дека неговата визија е современо и одговорно Скопје, отворен град за граѓаните, ефикасен јавен превоз, модерно управување со отпадот, почит и соработка со сите општини и решавање на реалните проблеми на сите граѓани

-Заедно можеме да изградиме Скопје какво што заслужуваме – модерен, функционален и жив град за сите нас, додава Трајановски.