ЛДП нема да гласа за законот за амнестија. Како што беше кажано на седмото изборно собрание на Либералдемократите, овој владин коалиционен партнер нема да гласа за предлог-законот за амнестија со кои треба да бидат опфатени околу 50-на обвинети за упадот во Собранието на 27 април минатата година.

Според претседателот на партијата Горан Милевски подобра варијантата е најпрво да има пресуда за случајот, а дури потоа да се размислува за амнестија.Тој смета дека законодавната и извршната власт треба да останат во свои рамки и да не влијаат на судството.
Во меѓувреме на социјалните мрежи се огласи пратеничката на ЛДП, Никица Корубин, која најави дека во иднина ќе настапува како независен пратеник во Собранието, кое деновиве треба да ја разгледува драфт-верзијата за законот за амнестија.