Во текот на 2022 година во Северна Македонија се регистрирани 1.074 жени-жртви на семејно насилство и покрај кампањите и различните мерки за подигање на свеста и предупредување, семејното насилство како феномен и понатаму е присутно во Северна Македонија, реагираат од Форумот на жени на Либерално-Демократската партија.
-Ја осудуваме бавноста во реакциите на институциите и нивната нефункционалност и апелираме да преземат итна акција за расветлување на трагичниот настан во Кочани. Потребни се пошироки општествени и правни реформи за подобра заштита на жените од вакви ужасни случувања, велат тие.
Она што запрепастува е фактот што заканите биле неколкупати биле пријавувани во полицијата и во јавното обвинителство во Кочани од каде жената барала заштита, додаваат од Форумот на жени на ЛДП.