ЛДП со Декларација до Собранието за осуда на нападот врз Украина

од Nikola Popovski
233 прегледи

Либерално демократската партија испрати Декларација до Собранието за осуда на политиките кои го доведуваат во прашање постоењето на европските држави и поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

– Најостро осудувајќи го „безобѕирниот” руски напад врз Украина, како чин на агресија кој што го доведува животот на безброј цивили во опасност и во насока на поголема и посилна европска интеграција, заштита на европскиот и светскиот правен поредок заснован на Повелбата на ОН, Завршниот акт од Хелсински и другите европски безбедносни и демократски институции. Свесни дека мирот и взаемниот соживот е единствениот начин да се зајакнат демократските темели на државата и на општеството, апелираме до сите политички чинители за одговорно однесување и воздржување од потпалувачки говор и ширење на дезинформации кои се спротивни на националните интереси на државата, имајќи предвид дека сме членка на НАТО, се вели во Декларацијата.

Според пратеничката од редовите на ЛДП, Моника Зајкова 24 февруари ќе остане запаметен како мрачен ден за цела Европа.

Според Зајкова, во Декларацијата стои дека согласно одредбите на Уставот на Република Северна Македонија, а особено од деловите на преамбулата кои се однесуваат на “намерата да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот.

Со Декларацијата се предвидува дека рускиот напад врз Украина претставува еклатантно кршење на меѓународното право кој што не може да се оправда со ништо, велат од партијата, додавајќи:

-Земајќи го во предвид ставот на Русија да ја дефокусира или оддалечи прозападната политика на Украина во близина на границите на Русија, да се укаже дека претставува мешање во водењето на внатрешната политика на Украина;

Согледувајќи ја целокупната моментална ситуација во Рсуко-Украинскиот судир препорачуваме на Министерството за одбрана да се стави во приправност и силно да го осуди признавањето на делови од Украина, за независни држави, од страна на Русија;

Полагањето на право на територии каде што живее руски народ, или територии кои некој смета дека се неоправдано одделени и не се дел од границите на Русија, е веќе еднаш видено сценарио кое се обидел да го реализира Хитлер анкeтирајќи ја Австрија, Чехословачка и Полска;

На оваа сценарио треба да му се застане на патот и тоа решително. Братскиот руски народ не може да биде агресор врз братскиот украински народ и треба да се спротивстави на ваквата хегемонистичка политика која ја спроведува Русија и повторно да застане на страната на правдата, бараат од ЛДП и апелираат до сите политички чинители за одговорно однесување и воздржување од потпалувачки говор и ширење на дезинформации кои се спротивни на националните интереси на државата, имајќи предвид дека сме членка на НАТО.

Слични содржини