ЛЕ: Арсенал го докрајчи Милан по контроверзно судење

од Vladimir Zorba

Арсенал победи со 3: 1 против Милан на „Емирати“ во Лондон во реваншот од големиот судир од 1/8-финалето на Лига Европа.

На овој начин „топџиите“ го елиминираа италијанскиот гигант со вкупен резултат од двете средби 5:1.

Хакан Чалханоглу во 36-тата минута им донесе предност на Милан во резултатот, но три минути подоцна Дани Велбек израмни од пенал.

Гранит Џака го направи резултатот 2:1 по груба грешка на голманот Џанлуиџи Донарума, а Велбек беше прецизен за 3:1 во 86-тата минута.

Средбата ќе се памети и по контроверзното судењето на Јонас Ериксон, кој во првото полувреме прво даде контроверзен пенал за Арсенал, а веднаш потоа не покажа на белата точка пред голот на тимот од Лондон, иако имаше причина да го стори тоа.

Резултати од реванш-дуели од 1/8-финале на ЛЕ:

Локомотив Москва 1 – 5 Атлетико Мадрид
Атлетик Билбао 1 – 2 Марсеј
Динамо Киев 0 – 2 Лацио
Викторија Плзен 2 – 1 Спортинг Лисабон
Зенит 1 – 1 РБ Лајпциг
Арсенал 3 – 1 Милан
Лион 2 – 3 ЦСКА Москва
Салцбург 0 – 0 Борусија Дортмунд.

Слични содржини