Манчестер јунајтед и Арсенал вечерва се пласираа и во полуфиналето на Лигата на Европа.
Јунајтед ја совлада Гранада со рутински 2:0, и со севкупен резултат од 4:0 се пласираше понатаму.
„Црвените ѓаволи“ поведоа со одличниот погодок на Единсон Кавани од 6-тата минута, а нивната победа ја потврди Хесус Ваљехо со автогол во 91. минута.
По 1:1 од првиот натпревар против Славија на „Емирати“, Арсенал беше убедлив во Прага, победувајќи со 0:4.
Постигнаа три гола во првото полувреме – Никола Пепе во 18-тата, Александар Лаказет од пенал во 21-та и Букајо во 24-тата минута, со што ги решија дилемите за конечен победник.
Четвртиот гол го постигна Лаказет во 77-та минута.
Резултати, четвртфинале, ревашни:
Виљареал – Динамо Загреб 2:1
Рома – Ајакс 1:1
Славија Прага – Арсенал 0:4
Манчестер Јунајтед – Гранада 2:0