Ле Пен: Брегзит е застрашувачки неуспех за ЕУ

од Aleksandar Petrovski
296 прегледи

Претседателката на француската десничарка партија Национален фронт, Марин ле Пен, оцени дека излезот на Велика Британија од ЕУ претставува „враќање кон слободата“ и дека овој настан е неуспех за Брисел.

-Велика Британија конечно ја врати својата слобода. Брегзит е застрашувачки неуспех за ЕУ. Велика Британија штотуку и ја лупна вратата пред носот на Европската унија, рече Ле Пен пред новинарите во Лил, пренесе британскиот весник „Експрес“.

Според неа, следните месеци ќе се види дека оваа одлука на Велика Британија била исправна и додаде дека ЕУ требаше да се фокусира на трансформацијата во „ сојуз на нации“.

-Или ЕУ и натаму ќе удира со главата во ѕид и ќе се занимава со догматизам, а другите земји ќе гласаат да си заминат, или ќе ја прифати одговорноста за своите неуспеси и ќе почне да спроведува длабоки промени. Не треба да се тежнее кон наднационална, технократска и неефикасна унија, туку кон сојуз на нации, рече Ле Пен.

Слични содржини