
Десничарско-популистичката француска претседателска кандидатка Марин Ле Пен во говор на 1 мај користела повеќе пасуси од обраќање на Франсоа Фијон.
Во Франција сѐ погласни се обвинувањата за плагијат по одржаниот првомајски говор на претседателската кандидатка Марин Ле Пен.
На интернет „врнат“ критики на адреса на кандидатката на националниот фронт за претседател на државата, дека при изборниот настап на први мај користела цели извадоци од говор, кој во првата изборна рунда го одржал, од изборната трка отпаднатиот конзервативен претседателски кандидат, Франсоа Фијон.
Нејзиниот изборен штаб ги негира обвинувањата.