Ле Риголер: Реформите што ги бара ЕУ не треба да се сфатат како обврска туку како нешто што е добро и позитивно за Македонија

Франција одблиску го следи спроведувањето на реформите во земјава, вели амбасадорот Ле Риголер

од Nikola Popovski
11 прегледи Фото: МЈА

Процесот на европско приближување е процес на спроведување реформи и трансформација. Но, реформите што ги бара ЕУ не треба да се сфатат како ограничувачки, ниту треба да се сметаат како обврска која треба да се спроведе зашто ЕУ го бара тоа, туку треба да се сфтатат како нешто што е добро и позитивно за земјата и од што бенефит ќе имаат сите граѓани, изјави денеска францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер.

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Меморандумот за соработка со Министерството за јавна администрација (МЈА), Ле Риголер напомена дека Франција одблиску го следи спроведувањето на реформите во земјава.

Амбасадорот, сепак, не дал оценка за тоа каква е моменталната состојба во земјава и дали има реални шанси за напредок кон ЕУ.

-Одблиску го следиме спроведувањето на реформите. Набрзо ќе биде издаден Извештајот од Европската комисија за напредокот на сите држави кандидати за влез во ЕУ, вклучително и за земјава. Да почекаме да го погледнеме, да видиме што ќе содржи, посочил Ле Риголер.