Le Temps: НАТО не сака трка во вооружување, но нема да ги остави неодговорени чекорите на Москва

од desk2
82 прегледи

Алијансата секогаш дејствувала на дефанзивен, обмислен и пропорционален начин.

Околу руското прашање сите членови на НАТО се согласуваат, изјавил генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во ексклузивното интервју за Le Temps. Според него, Алијансата избрала двоен пристап: “Ние треба да бидеме силни и решителни, но ќе продолжиме да одржуваме канали за политички дијалог, за да имаме односи со Русија.”

Столтенберг уверува дека НАТО не сака ниту нова студена војна, ниту конфронтација. “НАТО дејствува дефанзивно, обмислен и пропорционални начин” – смета политичарот. Од пред неколку години Русија усвои нов модел на однесување, тврди Столтенберг. Москва тројно го зголеми својот одбранбен буџет и развива нови потенцијали. НАТО одговорија со напорно присуство во источните земји на Алијансата, но тоа се прави со цел заштита и почитување на сите аранжмани. “Ние не сакаме нова трка во вооружување.” Столтенберг уверил дека НАТО нема да и одговори на Русија начин како огледалон. Наместо тоа Алијансата го зголемува присуството во Европа, за да им овозможи колективен одговор, ако една земја биде нападната.