Лебот нема да поскапи, тврдат од ССК

Нема да поскапе лебот, стабилна е цената на пченицата - вели новиот претседател на ССК

од Nikola Popovski
13 прегледи Фото: Принтскрин

Нема да поскапе лебот, стабилна е цената на пченицата, изјави денеска новиот претседател на Сојузот на стопански комори, Горан Ѓоргиевски кој доаѓа од Агро-бизнис комората.

Сепак, тој не очекува ниту поевтинување на преостанатите прехранбени производи, бидејќи како што вели, цените се формираат пазарно, а секое непазарно однесување се санкционира.

Ѓоргиевски смета дека на македонската економија ѝ е потребно зголемување на продуктивноста и конкурентноста, а на фирмите стимулација преку евтини кредити за малите и средните претпријатија. Новиот претседател на ССК предупреди дека и покрај растот на вработеноста, има непродуктивна вработеност, па затоа очекува трансфер од државниот во приватниот сектор или либерализација на увозот на работна сила.

По обвиненијата од Комисијата за заштита на конкутенцијата за картелско здружување, новиот претседател на ССК најави ревизија на работењето на комората.