Во понеделникот наполни 40 години, може да игра на високо ниво уште неколку сезони – вели тој – но прашање е до кога. Така Леброн Џејмс им се обрати на новинарите по влегувањето во петтата деценија од животот.
„Навистина е неверојатно да се види каде сум, дека се уште играм на високо ниво, дека се уште сум млад човек, но јас сум стар во контекст на тоа колку долго сум во оваа професија“, рече Џејмс.
Џејмс е само вториот играч во историјата кој играл во 22 НБА сезони, по Винс Картер, а ќе стане само 32-от кошаркар во историјата кој играл во НБА натпревар по својот 40-ти роденден.
„Се разбира дека размислувам за пензионирање повеќе од кога било досега, но да бидам искрен – ако навистина сакав – веројатно би можел да играм кошарка на високо ниво уште пет до седум години. Сакам, но нема да го сторам тоа“.
Оваа сезона Џејмс настапи на 28 натпревари и имаше просек од 23,5 поени, 7,9 скока и 9 асистенции.
„Мислам дека сме многу добар тим и можеме да се натпреваруваме со секого во оваа лига. Дали сме на шампионско ниво, дали сега можеме да освоиме прстен? Мислам дека не сме, но тоа е добро, бидејќи имаме многу простор за напредок“, изјави Леброн и додаде дека сигурно нема да игра за ниту една друга организација освен за Лејкерси.