Леброн Џејмс Џуниор го надмина својот татко

од Stefanija Kuzmanovska

Во 2002 година, на 17-годишна возраст, Леброн Џејмс стана првиот кошаркар на средно училиште на насловната страница на престижниот Sports Illustrated. Неговиот син Леброн Џејмс Џуниор – или Брони – веќе го надмина.

Брони има 16 години и игра кошарка во средното училиште Сиера Кањон, каде до неодамна негов соиграч беше синот на Двејн Вејд – Заир. Но, тој не ја направи насловната страница на SI поради неговите кошаркарски способности, туку поради неговата друга страст.

Минатото лето се приклучи на спортскиот тим FaZe Clan и со тоа стана првиот средношколски кошаркар во нивниот ростер. Sвездата на Филаделфија 76-ерс, Бен Симонс е во истиот тим, како и бекот на Аризона Кардиналс, Кајлер Мареј.

Ова е насловна посветена на FaZe Clan, а на него младите Џејмс и Мареј играат Плејстејшн, а во втор план се нивните соиграчи.

Гордиот татко Леброн, кој неодамна испадна од првата рунда во плеј-офот во НБА лигата со Л.А. Лејкерс за прв пат во својата кариера, објави насловна страница на своите профили на социјалните мрежи, а на Брони му беше врачена копија за паметење.

Ова сепак не значи дека Брони се откажува од својата кошаркарска кариера. Покрај тоа, иако тој не е добар како неговиот татко, извидниците тврдат дека има големи шанси да биде драфтуван во НБА.
Леброн веќе долго време зборуваше дека неговиот сон е да игра на истиот натпревар во НБА со неговиот син, или како соиграч или како противник. Ова може да се случи најрано за четири години, кога четирикратниот шампион ќе има 40 години.

Иако почна да го кочат повредите и повеќе не е доминантен како порано, Леброн (36) сепак се чини дека и тогаш може да биде доволно добар за НБА.

Слични содржини