442
Кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс уште еднаш коментираше за темата на расизам, во гостување на шоу на „ESPN“.
Џејмс се потсети дека пред некое време, некој го напишал зборот „црнец“ на вратата на неговата голема и скапа куќа.
„Јас сум човек со многу пари и убава куќа, на која се најде некој да го напише оној збор на „H“. Никогаш нема да го заборавам тоа. Да, јас сум црнец, но не гледам зошто тоа им пречи на луѓето. Имаме уште многу работа бидејќи не е лесно да си црн во Америка. Што од ова? Имам многу фанови кои ми се восхитуваат, но очигледно има и такви кои не сакаат луѓе како мене“, прокоментира Џејмс.