Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс е во лоши односи со својот соиграч Расел Вестбрук, пренесуваат американските медиуми.
Познатиот американски магазин Sports Illustrated наведува дека вака челниците на ЛА Лејкерс се нашле во нови проблеми, откако славниот клуб минатата сезона не се пласираше во плеј-офот.
„Џејмс и Вестбрук се скарани, а за време на натпреварите од Летната лига во Лас Вегас се игнорирале. Воопшто не разговараа еден со друг“, тврди американскиот весник.
Леброн Џејмс не сакаше да ја коментира оваа информација.
„Можеби нешто значи, можеби ништо, а можеби значи се“, напиша на социјалните мрежи новинарот на „Атлетик“, Јован Буха.
Американските медиуми не наведуваат кога се скарале двете најголеми ѕвезди на Л.А. Лејкерс, но истакнуваат дека клубот од Лос Анџелес сака да го испрати Вестбрук во Бруклин во замена за Кајри Ирвинг.