Леброн Џејмс ги напушти социјалните мрежи

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Легендата на кошаркарскиот клуб Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс објави дека ги напушта социјалните мрежи до дополнително известување, откако сподели објава во која зборува за негативното покривање на американските медиуми за кошарката.

Леброн Џејмс, кој има 212 милиони следбеници на Инстаграм и на мрежата Х (поранешен Твитер), ја донел оваа одлука откако ја сподели објавата на Рич Клајман, долгогодишниот агент на НБА ѕвездата – Кевин Дурент.

– Со оглед на количината на омраза и негативност во денешниот свет, ме збунува зошто некои од националните спортски медиуми сè уште мислат дека најдобриот начин за покривање на спортот е од негативен агол. Мене ми изгледа сосема бесмислено да одговорам на сето тоа – напиша Клајман на мрежата Х.

На таа објава реагираше и Џејмс кој напиша „Амин“! Тогаш 39-годишниот кошаркар додаде дека веднаш ги напушта социјалните мрежи.

Џејмс, кој стана првиот кошаркар со над 40.000 поени во НБА, и претходно ги напушти социјалните мрежи, пред се за да се концентрира на спортот.

Слични содржини