Леброн Џејмс го собори својот рекорд и 21-ви пат по ред ќе игра на Ол-стар натпреварот

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Легендата Леброн Џејмс го собори сопствениот рекорд играјќи на НБА Ол-стар натпреварот по 21-ви пат по ред, по избор на навивачите. Грчкиот кошаркар на Милвоки Бакс, Јанис Антетокунмпо, стана деветтиот кошаркар кој го освоил гласот на навивачите, објави АП.

Другите стартери во натпреварот ќе бидат Џејлен Брунсон од Њујорк Никс и Донован Мичел од Кливленд како бекови во Источната конференција, како и Џејсон Тејтум од Бостон и Карл-Ентони Таунс, заедно со Антетокунмпо.

Стеф Кари од Голден Стејт и водечкиот стрелец во НБА, Шаи Гилгеус-Александер беа избрани од Западната конференција, како и Кевин Дурент од Феникс Санс и Никола Јокиќ од Денвер, заедно со Леброн Џејмс.

Ѕвездите беа избрани по гласање во кое 50% од гласовите беа од навивачите, 25% од панелот на новинари и 25% од сегашните играчи.

За Ол-стар натпреварот ќе има уште 14 играчи, кои ќе бидат избрани по гласањето на тренерите на НБА. Ростерот официјално ќе биде објавен на 30 јануари, а Ол-стар натпреварот ќе се одржи на 16 февруари во Сан Франциско.

Меѓу кандидатите за резерви се Виктор Вембањама од Сан Антонио, Ентони Дејвис од Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Едвардс од Минесота, Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг од Далас, највредниот играч на последниот Ол-стар натпревар Демијан Лилард од Милвоки, Тајлер Хироу од Мајами, Треј Јанг од Атланта и ЛаМело Бол од Шарлот.

Леброн Џејмс стана третиот Ол-стар играч кој наполнил 40 години. Пред него ова го направија Карим Абдул-Џабар, кој беше во тимот на 40 и 41 година и Дирк Новицки, кој последен пат играше на 40 години. Тој ќе има 21 настап, а Абдул-Џабар има 19.

Антетокунмпо води во гласовите на навивачите со 4,4 милиони гласови, што е негова втора година по ред кога добива најмногу гласови.

Слични содржини