Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, не присуствуваше на „Мет Гала“ поради повреда на коленото што ја заработи минатата недела.
Џејмс беше именуван за почесен претседател на култниот моден настан, кој служи како собирање средства за Метрополитен музејот на уметност. Тој исто така истакна дека неговата сопруга, Савана, ќе биде присутна во Њујорк.
„За жал, поради повредата на коленото што ја претрпев на крајот од сезоната, нема да можам да присуствувам на Мет Гала во Њујорк вечерва“, напиша кошаркарот на социјалните мрежи.
Џејмс се повреди во петтиот натпревар од серијата од првото коло на Западната конференција против Минесота, која Тимбервулвс ја добија со 103-96 и ја завршија серијата со 4-1.
Леброн Џејмс, 40, имаше просек од 24,4 поени, 7,8 скока и 8,2 асистенции во 70 натпревари во сезоната 2024/2025. Неговиот договор вклучува опција од 52,6 милиони долари за следната сезона, а ESPN објави во четврток дека Лејкерси очекуваат тој да игра „барем уште една сезона во НБА“. Ова ќе биде негова осма со „езерџиите“.
21-кратниот учесник на Ол-стар натпреварот, четирикратен MВП и четирикратен шампион на НБА, Џејмс е најдобар стрелец на сите времиња со 42.184 поени.