Леброн Џејмс се откажува од пари за Лејкерси да ги доведат Харден или Томпсон

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Првиот ас на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс останува во клубот бидејќи е исполнет условот, а тоа е доаѓањето на неговиот син Брони кој беше 55. пик на драфтот. Некаде и пред тоа имаше информации дека потпишувањето на договорот на „кралот Леброн“ е условено со потписот на неговиот син.

Сега, кога тој услов е исполнет, се очекуваше потписот на најдобриот стрелец во историјата на НБА, но тоа се уште не се случи. Леброн ќе остане во Лејкерси, но висината на договорот ќе зависи од неговото ново интерно барање. Имено, Леброн е подготвен да ја намали платата која требаше да изнесува 51,4 милиони долари, под услов франшизата да ги потпише Џејмс Харден, Клеј Томпсон или Јонас Валанчиунас, пренесe ESPN.

На Леброн му е јасно дека нему и на Ентони Дејвис им недостигаат еден или двајца „Ол Стар“ играчи за да се приклучат во борбата за нови шампионски прстени. Добро е познато дека Џејмс има големо влијание врз сопствениците на франшизата, а потегот за намалување на платата е само знак дека тој навистина сака спортски успех пред парите што ги заработи за пет генерации.

Добрата вест за Лејкерси е што Клеј Томпсон реши да ги напушти Голден Стејт Вориорс по 13 сезони каде освои четири шампионски прстени. Добро е познато дека Харден и Леброн имаат одлични односи.

Доколку Лејкерси не успеат да потпишат едно од тие имиња, тој ќе бара тригодишен договор од 162 милиони долари, изјави неговиот агент Рич Пол.

Минатата сезона 39-годишниот Џејмс имаше просек од 25,7 поени, 8,3 асистенции и 7,3 скока.

Слични содржини