Леброн Џејмс се пензионира по испаѓањето од Минесота?

од Vladimir Zorba
60 прегледи

Елиминацијата на Лос Анџелес Лејкерс во првото коло од плејофот, по поразот од Минесота Тимбервулвс, покрена бројни прашања и предизвика дискусии за иднината на клубот.

Иако освојувањето на титулата со Лука Дончиќ беше смела и амбициозна цел, никој во клубот не очекуваше толку ран крај на сезоната – особено не откако регуларната сезона ја завршија на третото место.

Доаѓањето на Дончиќ требаше да биде клучна точка на новиот шампионски проект, но наместо прослава, остана горчливиот вкус на првиот голем неуспех на таа концепција.

Најголемата енигма по испаѓањето се однесува на Леброн Џејмс. НБА легендата не ги криеше своите мисли за својата иднина на прес-конференцијата.

„Ќе седнам со сопругата, семејството и најблиските да разговараме за сè. Исто така, ќе имам искрен разговор со себе, колку долго сакам да играм? Навистина немам одговор во моментов“, рече Леброн.

Прашањата на новинарите за тоа како би можеле да изгледаат Лејкерси следната сезона само дополнително отворија простор за неизвесност:

„Искрено, прво треба да одлучам што ќе правам. Не знам како ќе изгледа тимот, ниту каде точно сум во овој момент.“

Сепак, едно нешто му беше јасно. Играњето на целата сезона со неговиот син Брони Џејмс го означи врвот на годината.

„Ова е, без сомнение, моето најважно достигнување оваа сезона. Делењето на паркетот со Брони, гледањето како расте и созрева, беше најспецијалното и најисполнувачкото искуство што сум го имал. Ништо друго не може да се спореди со тоа“.

Леброн не ја пропушти можноста да испрати порака меѓу редови до раководството на клубот. Кога го прашаа за недостатокот на квалитетен центар во ротацијата на Лејкерси, тој само се насмеа и рече: „Без коментар“. Мојот пријател АД (Ентони Дејвис) рече што му треба, и една недела подоцна, го немаше“.

Слични содржини