43
Бекот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ го коментираше постигнувањето на неговиот американски соиграч Леброн Џејмс, кој стана првиот во историјата на лигата кој постигнал 50.000 поени во кариерата во регуларниот дел и плејофот.
„Неверојатно е да се гледа што прави на негова возраст. Неверојатно е да се премине границата од 50.000 поени, не можам ни да објаснам колку е тоа неверојатно. Тој може да постигне 70.000 поени, никогаш не се знае што ќе се случи“, изјави Дончиќ на прес-конференција.
Тековната сезона е 22-ра во НБА кариерата на 40-годишниот Џејмс.