Леброн ги избра Јокиќ и Дончиќ за неговиот All Star тим

од Vladimir Zorba

Сè е подготвено за All Star, а официјализирани се и составите на тимот на Леброн и тимот на Дурант.

Стартери на тимот на Леброн се Јанис Адетокумбо, Стеф Кари, Леброн Џsејмс, Лука Дончиќ и Никола Јокиќ.

Резерви на Џејмс се Демијан Лилард, Бен Симонс, Крис Пол, Џејлен Браун, Пол Џорџ, Домантас Сабонис и Руди Гобер.

Дурант ги одбра првите пет да бидат Кајри Ирвинг, Каваи Леонард, Бредли Бил, Џејсон Тејтум и Џоел Ембид.

Тејтум, кој беше избран за резерва, беше префрлен во првиот тим на Дурент, бидејќи Кевин не може да игра.

Тука се и Џејмс Харден, Девин Букер, Зајон Вилијамсон, Зак Лавињ, Џулиус Рендл, Никола Вучевиќ и Донован Мичел.

Ентони Дејвис не може да игра поради повреда, инаку би бил дел од тимот на Дурент.

All Star ќе се одржи во Атланта ноќта помеѓу недела и понеделник, во 2:00 часот по наше време.

loading...

Слични содржини