Лос Анџелес Лејкерс го отпушти тренерот Дарвин Хам, објави тимот во Националната кошаркарска асоцијација.
„Многу ги цениме напорите на Дарвин во име на Лејкерси и ги препознаваме многуте достигнувања што ги постигна во изминатите две сезони“, рече генералниот директор Роб Пелинка во изјавата.
„Сите сакаме да му се заблагодариме на Дарвин за неговата посветеност и позитивност. Донесовме тешка одлука, но тоа е најдобрата по целосната анализа на сезоната. Лејкерси треба да им обезбеди кошарка од шампионски калибар на навивачите“, се додава во соопштението.
Лејкерси го завршија регуларниот дел од сезоната со скор од 47 победи и 35 порази, што беше доволно добро само за осмото место во Западната конференција. Тие го совладаа Њу Орлеанс во плеј-ин рундата, но потоа беа елиминирани од шампионот Денвер во првото коло од плеј-офот со 1-4.