Леброн Џејмс и Лос Анџелес Лејкерс повеќе не се во љубов, тврди американски „ESPN“ и наведува дека бракот повеќе не е добар за никого, и дека веќе на пролет 2026 година може да се очекува вест дека „разводот“ е официјално потпишан.
Угледниот американски медиум истакнува дека од 2018 година, „Кралот Леброн“ и „езерџиите“ живееле во хармонија, освојувајќи еден шампионски прстен, но работите драстично се промениле оваа година. Имено, една од најголемите НБА ѕвезди во историјата не знаела за трејдот на Лука Дончиќ, ниту за продажбата на франшизата од страна на семејството Бас за рекордни 10 милијарди долари.
Патем, Лејкерси гледаат кон иднината, Лука Дончиќ е новата прва ѕвезда, што се очекува да му наштети на „кралот“, а не му бил понуден ниту нов договор, па ова е сигурно неговата последна сезона во која ќе инкасира 52,6 милиони долари.
Всушност, одличниот кошаркар ќе биде слободен агент на 41 година ако сè уште сака да игра, а Лејкерси ќе имаат прилично отворен буџет, пишува „ESPN“, за да нападнат една од мега ѕвездите во летото 2027 година, при што се споменуваат Никола Јокиќ и Јанис Адетокумбо.
И покрај тоа што влегува во својата петта деценија, Леброн Џејмс е сè уште еден од најдобрите кошаркари во светот. Минатата сезона имаше просек од 24,4 поени, 8,2 асистенции и 7,8 скока, а како можни дестинации за Леброн Џејмс се споменуваат Клиперс, Њујорк Никс и Кливленд Кавалирс.
Освен ако не се случи некаков пресврт и некој „брачен советник“ не го врати стариот добар однос меѓу „партнерите“, заклучува „ESPN“ и го најавува вечерашното гостување на Леброн Џејмс кај нив, по што можеби многу работи би биле појасни, но, можеби и помистични.
BREAKING: Lakers star LeBron James will go live on ESPN tonight at 9pm EST and is scheduled to make an announcement relating to the future of his career, sources tell me. pic.twitter.com/xgFSomY4km
— Shams Charania (@ShamChorania) July 12, 2025