Леброн Џејмс е заинтересиран за настап на Олимписките игри во Токио следното лето.
Џејмс е на проширената листа со 57 кошаркари на НБА, кои се натпреваруваат за место во олимпискиот тим.
Сепак, Џејмс истакна дека неговиот настап во Јапонија ќе зависи од повеќе фактори, вклучувајќи го и распоредот на НБА лигата.
Доколку бранителот на титулата и неговиот Лос Анџелес Лејкерс стигне до финалето, потенцијалниот седми натпревар ќе се одигра на 22 јули, ден пред церемонијата на отворање на Олимписките игри.
„Па, очигледно, распоредот на НБА игра важна улога во тоа, тогаш како ќе се чувствувам, што мисли моето семејство за тоа по сезоната и слични работи. Постојат многу варијабли за еден играч. Но, јас сум среќен што сум дел од списокот. Секогаш е чест да играм за САД, и да ја претставувам својата земја во играта, што толку многу ја сакам“, рече ејмс.
Џејмс освои злато со САД на Олимписките игри 2008 во Пекинг и во Лондон 2012, по бронзениот медал во Атина во 2004 година, додека поради повреда ги пропушти игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година.