Леброн за закрепнувањето од повреда: „Дали сте ме виделе како куцам?“

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Леброн се повреди во петтиот натпревар од плејоф серијата против Минесота Тимбервулвс, а подоцна откри дека тоа била првата сериозна повреда на коленото во неговата кариера.

Кога го прашале за неговото закрепнување, тој му дал на Стив Неш оптимистички одговор.

„Дали си ме видел како куцам овде? Многу е подобро. Сè е подобро“, изјави Леброн Џејмс.

Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс ќе ја започне својата 23-та НБА сезона следната година и ќе наполни 41 година во текот на неа. Значи – за него, прашањето за повредите и закрепнувањето станува сè поважно и ќе биде сè поголем проблем.

Минатата сезона, четирикратниот МВП на НБА имаше просек од 24,4 поени, 8,2 асистенции и 7,8 скока, продолжувајќи да се рангира меѓу елитните играчи во лигата.

Слични содржини